МИСТИЧЕН ДОЧЕК НА ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО

pismo-2

23 часот и 45 минути. Како по договор. Сите во дворовите, на балконите. Оддалеченоста зближува. Го чекаме Спасителот. Со запалени свеќи в раце, завртени кон правецот на црквата. Гробна тишина. Така се сака Бог. Така се почитува традицијата. Така се сака Македонија.

А зошто ми иде да плачам ко дете, за традицијата, за причесната, за детската радост во црквата и црквениот двор. Тишината во овај момент е најгласна. Ја слушате ли неранимајковци? Оваа ноќ, сум убеден дека има надеж. Овој кроток и разбран македонски народ знае да сака и да почитува. Камбаните бијат. ,,Христос  Воскресна,,- ,,Навистина Воскресна,, Си довикуваме. Се слушаат само ударите на црвените јајца. Каква импресивна глетка. Во ноќните комшиски силуети ја гледам сета љубов кон минатото, постоењето, здравјето. За многаја лета!

Во темнината јасно ја читам помислата за заштита на народното здравје како врвен приоритет. Полицискиот час е уредба со законска сила со која нема играчки. Нема пазарење. Целосно почитување. И точка. Ви благодарам комшии за разбирањето, за одржувањето на традицијата и во вакви услови. За почит кон она што мораме да го издржиме да преживееме. Полициски, а не политички час со разнесување на компири и брашно. Македонскиот народ не е толку евтин да биде купен од племето северномакедонско. Милениуми Македонецот бил тврд орев за сечии компири. Никаде во светот не видовме некој да протестира, да не го почитува полицискиот час. Во интерес на сите нас. Сите оние кои не го почитуваат полицискиот час се непријатели на државата. Исто како сите оние што ни го менуваат името, традицијата, историјата. Љубовта кон Македонија не бара калкулации и рејтинзи.

Демократијата е систем полн со изненадувања. Никогаш не си сигурен кого си избрал да те управува и што се се крие во неговата глава. Многу поопасен е партискиот вирус на политичкиот примитивизам и неказнивата злоупотреба на механизмите на власта и државата. Така ли е моторџии, заштитени како бели мечки од оние кои треба да ви изречат казни. Со народни пари, за лично задоволство.

Ги почитуваме наредбите на власта, но и вие почитувајте го нашето право на љубов кон Македонија и не чепкајте во нејзиното срце. Никој за тоа нема да ви прости.

Денес е живо само минатото. Не смее да има нова историја. Имињата на тие македонски политичари ќе бидат запишани во најсрамната страница од македонската историја. Уште има заспани луѓе. Се будат само при несреќа, кога ќе ни се удри силна шлаканица.

Апостој Павле порача: ,,Љубете го Бога, колку што го љубат Македонците,,.

Погледнете ја геогравската карта. Македонија е во центарот на светот. Затоа Бог ја чува. Македонија е енергија на светот. Света земја.

,,Не можам да објаснам зошто ја сакам Македонија. Нешто необјасниво, внатрешно чувство ме тера да ја сакам,,. Вака ми вели мојот шаховски пријател од Загреб.

Сé што е на наше тло, е наше наследство. Гробот на Александар Македонски е во Македонија и набрзо цел свет ќе доаѓа на поклонение во Македонија. Претпоставките велат дека Александар Македонски е душа испратена да го обедини светот со војна. Но, откако не успеа, душата повторно е вратена во телото на Исус, да го обедини светот со љубов.

Прим. д-р Б. Дамески

Loading