РОМАНТИКА ВО САРТИ

Gradska-plaza-sarti

Секогаш врие туристи во лето во малото прекрасно гратче Сарти на вториот крак на полуостровот Халкидики во Грција. Пред туристичкиот цут местото важело за скромно и мирно рибарско село со 1200 жители на источниот брег на Ситонија. Од Солун е оддалечено околу 130 км. Со одморот на песочните плажи, се ужива во погледот на фасцинантниот трет крак, Атос.

Името на симпатичното место датира од 5. век п.н.е. Го спомнува славниот историчар Херодот. Пред сто години, населението на островот Афисија во Мала Азија било протерано од Турците. Грците испратиле бродови и понудиле засолниште првин во Атина. Кога прогонетите разбрале дека огништата им се ограбени и запалени и дека не можат да се вратат во своите домови, најхрабрите се упатиле во потрага за нови дом во Грција. Така наишле на село кое потсетувало на нивното родно место. На брегот, на Сарти, се населили со градби со мали куќи. Дел од нив и ден денеска се реконструирани низ тесните улици на летувалиштето, кое грчевито го чува духот на традицијата и болната историја. Тоа е причина зошто Сарти, со љубезните жители, никого нема да го остави рамнодушен и пак се враќа по ново доживување.

orange-beach-plaza

Во Сарти се минува активен одмор, се запознава околината, се истражуваат величествените плажи на восхитувачката Ситонија. Градската плажа е долга околу 3 км. Доволно е широка и пространа и во најпосетениот период во лето. Секогаш може да се најде слободно катче. Носител е на Синото знаме, оти ја краси ситен песок. Во еден дел, морето е нагло длабоко, а во друг е погодна за деца. Може да се ужива, покрај секојдневниот ветер и честите бранови. Плажата е уредена. На целата должина се распослани бич барови, таверни и ресторани со лежалки и сонцебрани. Постојат слобони зони за оние кои не се љубители на гласната музика. Можна е и забава на организираните спортови на вода или партија одбојка на уредените песочни терени. Иако плажата располага со многу квалитети како хигиена, топла и бистра вода, ситен песок и богати содржини, би било штета да не се посетат уште некои егзотични места и плажи на Ситонија.

sarti-bar

Една од најубавите и најпопуларни плажи во околината е Оринџ бич. Никако не смее да се пропушти. Името го добила по бич барот. Природата ја сместила во залив со богата вегетација, бел песок, карпи и бистра вода со тиркизна боја на морето која никого не остава рамодушен. Над нејзе постои паркинг и простор за кампување в шума. Еден дел е за слободен престо за крпи и чадори за сонце. Во близината е нудистичкиот дел. Другиот дел е уреден  со малку лежалки, без тушеви и кабини за пресоблекување. На 15 км. северно од Сарти е кампингот Арменици со уредена пространа плажа со ситен песок во златна боја, заедно са кристално чистата вода. И на оваа плажа се вее Синото знаме. Може да се кампува како во рај, оти сé е совршено организирано, со киоск за брза храна, маркет и таверна. Каламици бич е плажа на 15 км. јужно од Сарти. Посакувана е од туристите со мали деца, оти е широка со полно забавни содржини и без метеж. Ја краси покрупен песок со многу бич барови со лежалки и сонцебрани. Секако, постои доволно слободен простор за крпи.

ulice-sartija

Сарти, иако важи за мало место со сите туристички понуди, од маркети, кафетерии, ресторани, фурни, аптеки…, е поделен на стар и нов дел. Новиот е значително помирен, без гласна музика од околните барова и е погоден за вистинскиот одмор. Стариот дел го краси шеталиште, со богатство од традиција, особено прекрасниот плоштад со црквата. Секој може да најде нешто за својот вкус, од бурен ноќен живот или долги вечерни прошетки. И најмалите можат да уживаат во луна паркот.

sarti-orange-beach

Loading