ЧИТАЈ ПОЕЗИЈА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

toni pavleskiВо денешното издание, сакајќи да ви ја доближиме поезијата, за која многу малку простор се одделува, освен во нашиот неделник и кога се промовира некоја поетска збирка, Зенит пренесува неколку творби од нашиот поет Тони Павлески од неговата збирка од ,,Говорот на љубовта,, објавени Стремеж  од – 2018, што го издава ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Павлески се вклучи онлајн во меѓународната манифестација Поетско музички простор во светот.


 

 

 

 

 

 

 

 

ПОКАНА

Ја донесоа,

не со раце,

не со возило,

не со птица.

 Едноставно,

ја оставија

поканата,

тука при мене,

брзо

и невино,

со поглед.


 

БЕГСТВО

Ги замачкувам

трагите на ноќта,

тивко и неуморно

со својот природен,

непрекинат чекор.

Како на стара,

лузничава заблуда

,,Доста е”, ì велам

и излегувам од мракот…


 

ОСЛОБОДУВАЊЕ

Кога молкот се раѓа,

сите прозори се затвораат,

да не би јавнат

на нечија злобна мисла

отиде предалеку и се расоблече

несакано пред светот,

како новороденче

26 пред прва наречница.

Така стутулен во мракот,

тој останува господар

на сите бодежи,

на сите суши и поплави.

Во тие мигови

самиот молк одлучува

кога и дали ќе ја отвори

бездната во себе,

за сé болно неврат да отиде,

поведен од мислата

да ѕирне на дното од отворената

Пандорина кутија.


 

КРУГ

Виновникот

што мислев ме уби

беше само парче смеа

откраднато од дамарите.

Стожерот

што мислев ме крепи

беше само детска душа

со свои слабости.

Гласникот

што мислев ми иде

беше само ветер

со желба да помине.

Јас

во кругот таен

бев само застој

што го откри некој

во мислите риејќи ми.

Loading