АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Убаво е да се живее секој ден и буден везден.

х

Облаците се формираат од секаде, а даваат секому.

х

Спасувајте животи, а не кариери.

х

Живеј добро во младоста, за да можеш да имаш за што да се сеќаваш во староста.

х

Господар на судбината може да биде само оној кој е господар на себеси.

х

Наместо “да се умре машки” треба така да се живее.

x

Гласот и е како виолина, а телото како контрабас.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading