УМЕТНОСТА ПРОТИВ ВИРУСОТ КОРОНА

Слики и сатирични видувања од македонскиот уметник Златко Крстевски се дел од интернационалните виртуелни изложби во Загреб. Во соработка со ХДЛУ ЛИКУМ изложбата е насловена ,,Живот со корона,,.

Пред три недели неговите дела се поставени на изложба во Иран. Печатење на каталог, во кој ќе се најдат делата на Крстевски, ќе има после завршувањето на светската карантин ситуација, а во меѓувреме Крстевски ќе учествува и на други изложби со тема ,,Уметноста како изолација,, ,,Уметност од карантин,, итн.

Loading