ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (42)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

spase trajceski podinskiВласите го кодошеле Петре кај турските власти Петре да шија алишта за ајдутите, ги подржува. Турските власти на неколку пати му правеле заседи за да го убијат ама не успеале да го убијат. За браќата Саѓески Секуле и Илија немало опстанок во с. Бонче. За да не му настрада сето поколение се поделиле братски на два дела. Секуле фамилијарно дошол во с. Марул момок кај бегот Утоски. Работел тука една година и се преселил во с. Алинци, прилепско. Тука фатил корен и останал засекогаш, презимето му останало и ден денес. Покасно од Секулчевци се делила една фамилија и се преселила во с. Добрушево, познати се по прекарот Тушевци. Секулчевци и Тушевци дале неколку учители. Од Секулчевци учители се: Веле, Бранко и Блаже.

Секулчевиот брат Илија Саѓески со новиот прекар Шијаковци фамилијарно се преселил во с. Лопатица, познати по прекарот Шијаковци. Илија Шијаковци Саѓески ќерката Божна ја омажил за Ристе Гулабоски во с. Марул. За дар на сестра му Божна братот Петре и направил едно бакарно котле за обесување на верушки за готвење јадење и правење бакрданик – качамак. Како нејзини потомци ние котлето за спомен го чуваме и ден денес. Нејзиното прво дете Николе и се родил во 1832 година живеел 80 години, умрел во 1912 година. Ние потомци сме на Божна по ќерка е Петра. Исто така од братот Илија Саѓески има неколку учители. Грујо Шијако учителот кој загинал заедно со својот прв братучед од стрико во четата на Толе Паша на 14. 10. 1904 година во с. Гуѓаково Мариовско. Во кое при носењето на моштите на Толе Паша во родното село Крушевица. Анѓелина Карабелеска родена во с. Тополчани мажена за Коле Корандески во с. Прилепец на собирот ја испеала песната за таа борба и ги спомнала Петре и Цветан од Шелеверци. Анѓелина сега е покојна. Потомци учители се на Грујо Шијакоски, Злате Грујоски и Блаже Марковски. 

Учителот Бранислав Гардашевич од Битола

Бранислав Гардашевич е роден во Битола од мајка Македонка, битолчанка и татко, Црногорец од лозата Гардашевиќ – Гарда. За учител Бранислав дојде во с. Марул на почетокот на учебната година во септември 1962 година.

Бранислав по карактер беше свесно, разбран, интелегентно лице. Многу добро се однесуваше према учениците и жителите во селото. Исто така и жителите во селото го примија пристојно. Бранислав беше радознал човек, честопати спиеше на бостани, в колиба со бостанџиите. Исто така уживаше за да има убав велосипед и куче. Велосипедот негов беше од марката Динамо, произведен во Источна Германија, ДРГ. Кучето негово беше од расата пудле со лавовска боја се викаше Кенет. Према потребите училиштето беше стално слободно за селските работни состаноци. Бранислав Гардашевич, првиот учител во Марул што не повтори ниту еден ученик. Велеше учителот Бранислав, секое дете се трошело психички во годината, па треба и да се радува. Учителот Бранислав Гардашевич за време на летниот распуст во 1963 година си замина од село Марул.

Mitre gjorgjioskiУчителот Ѓорѓиовски Митре или Миле од Охрид

 Учителот Ѓорѓиовски Митре му е правото име, а додека Миле му е додатно нагалено име. Ѓорѓиовски Митре за учител во с. Марул дојде за учебната година од 1 септември 1963 година. На испразнетото место од Бранислав Гардашевиќ. Митре учителот, како и тие пред него беше убаво примен од жителите со големо поштовање. Исто така и Митре имаше респект и поштовање во селото и комуницираше со сите во селото.

Ѓорѓиовски Миле беше учител во село Марул до месец март во 1964 година и отиде во ЈНА на отслужување на воениот рок од една. За нов наставник, негов заменик беше одреден Дано од с. Канатларци со завршена учителска школа. Нажалост презимето на Дано му го заборавивме. По завршувањето на воениот рок учителот Миле поново се врати за учител во Марул. Штотуку се врати Миле од војска, љубовта со саканата девојка ја круниса со брак. Миле се ожени со Петреска Петкана – Пеша Бабјакоска.

Ѓорѓиовски Миле беше учител во с. Марул до крајот на учебната година во месец јуни 1965 година. Ѓорѓиовски Митре или Миле фамилијарно се исели од Марул и отиде на ново работно место во с. Подмол. Учителот Миле ја прекина традицијата на Бранислав. Во неговото време се повтори со повторување на ученици во исто одделение.

krste taleskiУчителот Крсте Талески од Чепигово

Крсте Талески за учител дојде во с. Марул во почетокот на учебната година, 1 септември 1965 година. Учителот Крсте дотогаш беше наставник во осмолетката Гоце Делчев во с. Канатларци. Тој му беше познат на марулските ученици во осмолетката, а исто така и на сите марулски родители кои имаа свои деца што учат во осмолетката во с. Канатларци. Учителот Крсте Талески во Марул беше примен со најголеми почести. Комуницираше со сите марулци, поготово со неговите поранешни ученици, а покасно негови другари.

Како учител Крсте секогаш бил поканет на куќните селски слави, исто како и претходните учители. За новогодишните и државните празници ако бил презафатен со програмата имаше побарано помош од своите поранешни ученици за полесно и побрзо да се изведи спреманата приредба. Секогаш кога беше потребно училницата за селски состаноци беше слободна и со огрев во зимско време. Крсте Талески учител беше до учебната 1974/75 година поради немаше доволен број ученици, училиштето властите го затворија, а додека учителот Крсте си најде вработување во Прилеп.  

Продолжува

Loading