Рузмарин

Ако секојдневно по 5 минути се вдишува мирисот рузмарин, се зголемува памтењето за 75 проценти. Луѓето кои вдишувале етерично масло од рузмарин, ја подобруваат меморијата. Оваа билка е неверојатно здрава. Плус е традиционален лек. Ја викаат и божја билка, лек за многу болести. Најмногу за слабости во памтењето. Во некои земји се ставаат гранчиња рузмарин во јавните објекти за подобра концентрација.
Рузмаринот содржи состојки кои се борат со токсичните елементи наталожени во мозокот, а кои не успеале да се отстранат при спиењето. Природните состојки благопријатно делуваат врз мозочните клетки. Ја подобруваат работата на мозокот, размислувањето, памтењето и се донесувањето на разионални одлуки. Рузмаринот ги обновува оштетените ДНК клетки. Главниот елемент за раст на памтењето е цинеолот кој е ефикасен во борбата против промените во расположението, стресот, памтењето и подобрувањето на брзината на размислувањето. Колку повеќе се апсорбира цинеол, толку повеќе се постигнуваат подобри резултати.
![]()

