Јасно е дека храната е клучна за здравјето и силен имунитет, особено во екот на пандемијата која ги напаѓа белите дробови.
Според експертите еве кои се петте најдобри видови на храна, кои ги прочистуваат и јакнат белите дробови и успешно се борат и штитат од разни дишни заболувања.
Јаболката држат подалеку од лекарите и од вирусите Содржината на фитохемикалиите го намалуваат воспалението и оксидативниот стрес. Така зајакнат белодробните функции.
Лисните зеленчуци како спанаќот, руколата, кељот се полни со корисни хранливи влакна, минерали, антиоксиданти и витамини. Тие се клучни за одржување на белите дробови во добра форма.
Зелениот чај е богат со полифеноли и антиоксиданти, кои спречуваат растот на канцерогените клетки во белите дробови. Редовното консумирање го спречува развојот на хроничните белодробни заболувања.
Лукот е познат по антивоспалителните и антиоксидантните својства. Помага во зашитита на белите дробови од оксидативен стрес и ги намалува шансите од белодробен рак.
Лососот е моќен извор на антиоксидантни омега-3 масни киселини. Го јакне здравјето на белите дробови.