Комплетно се рехабилитира регионалниот пат Градско – Прилеп, на потегот од селото Дреново до селото Фариш. Станува збор за 10 километри. Од буџетот на ЈП за патишта се издвоени 1,5 милиони евра.
-Жителите од мариовскиот крај и граѓаните многу полесно и побезбедно ќе стигнуваат до Витолиште и оттаму до градот. Првпат, по 40 години се реконструира патот за Мариово, односно делот од селата Лагово до Витолиште. Во полн ек се градежните работи на потегот меѓу селата Штавица и Бонче во должина од 7 километри каде ќе биде поставен нов слој на асфалт. Ќе се санираат и двете свлечишта, кои претставуваа закана за учесниците во сообраќајот – вели Миле Талевски, претседателот на Советот.
За поголема безбедност во сообраќајот и подобра комуникацијата во Пелагонија, почнува рехабилитација на патот Битола – Прилеп, преку Тополчани. Веќе се завршени 7,5 километри. Остануваат уште 7 километри, кои територијално припаѓаат во општина Прилеп.