Локалната самоуправа го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за купување клима уред-инвертери и велосипеди кој ќе трае до 3 април. Локалните власти одделија 4 милиони денари за субвенционирање на клима уредите со инвертер и 2 милиони денари за субвенционирање на велосипеди.
Општината на жителите кои ќе купат клима уред-инвертер и на жителите кои ќе купат велосипед ќе им надомести до 50 отсто од вредноста на купениот клима уред-инвертер, но не повеќе од 10.000 денари односно до 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари.
Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот. Повикот ќе се реализира по принципот ,,прв дојден – прв услужен,,.
Право на учество имаат жителите на Општина Прилеп/сопственици на станбен објект на подрачје на општина Прилеп ќе купат клима уред-инвертер во од 3 март до 3 април. Услови се клима уредот да се купи по објавување на јавниот повик, барателот да имаат платено данок на имот за 2019 година за станбениот објект каде ќе се инсталира климата. Само еден член од семејството може да добие надомест, исклучиво за набавка на еден клима уред- инвертер. Граѓанинот треба да биде корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.
За докажување на условите се доставува: барање за надоместок, фотокопија од важечка лична карта, имотен лист за станбениот објект со адреса на објектот во кој ќе се инсталира клима уредот-инвертер на подрачје на Општина Прилеп, доказ дека е извршено купување на клима уред – инвертер и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик, фотокопија од трансакциска сметка, потврда за платен данок на имот за 2019 година за објектот, кој е впишан во имотниот лист каде е инсталиран клима уредот-инвертер, изјава заверена на нотар со која под полна материјална и кривична одговорност ќе се потврди дека до поднесувањето на барањето, барателот бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, дека друг член од семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции, дека не искористил субвенција/надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.
И за субенционирање на велосипедите важат истите услови.
Барањето за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за купување клима уреди-инвертери и за купување велосипеди за 2020 година, физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација до Општина Прилеп на адреса преку Архивата на Општина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уреди-инвертери за 2020 година во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за клима уреди-инвертери”/со назнака „НЕ ОТВОРАЈ”, име и презиме и адреса на барателот.
Комисиите го задржуваат правото да извршат посета во домаќинствата кои ќе поднесат барање по Јавниот повик. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до искористување на предвидениот буџет за соодветната намена.
![]()

