Потребни се 2 страка праз, 1 главица кромид, 300-400 г компири, сол, црн пипер, ловоров лист, ½ лимон, сол и 1 лажица брашно. Се загрева малку вода, па се додава ситно сечкан праз, кромид и се вари додека зеленчукот не омекне. После се додаваат компирите на коцки, па сол, црн пипер и ловоров лист. Сето тоа се прелива со литар вода и се вари 45-50 минути покриено на умерена температура. Се трга од огнот и се додава една лажица брашно разматено во малку вода и се доварува уште 5 минути.На крајот се зачинува со лимонов сок.
Крем чорба се прави со матење на смесата во блендер.