ПОП КЛАСИЧЕН КОНЦЕРТ НА ТРИО ЏЕНТЛЕМЕН

Trio gentlmen

Трио Џентлемен на 5 март во кино Мис Стон ќе одржи поп класичен концерт. Влезот е слободен. На програмата се повеќе атрактивни композиции како Оне нигхт онлѕ, Беаутифул Мариа оф Мѕ Соул, Хисториа Де Ун Амор, Мамма сон танто фелице, О соле мио…

Триот Џентлемен е поп-класично трио на професионалните оперски пеачи Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор.

Поп-класичното пеење е веќе познат жанр низ светот и затоа триото е создадено по урнек на веќе светските поп-класични состави кои подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Триото Џентлемен е прв и единствен состав кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На репертоарот се светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп композиции…, изведени во поп-класичен манир.

За шест годишното постоење имале целовечерни концерти и друг тип на настани во повеќе градови и надвор од нашите граници. Секогаш нудат нешто ново, не видено и не слушнато. Разликата е во тоа што прават спој на оперското пеење со различни жанрови, изведено во специфичен звук, тризвук интрепретиран од тројца оперски пејачи.

Loading