АЛЕКСАНДРА ГИЧЕСКА ВО ГЕРМАНИЈА

Aleksandra GiceskaНашата млада пијанистка Александра Гическа имаше извонреден настап на првиот фестивал на класична музика Виртуос во Ленгерих, Германија, чии основачи се  брачната двојка, пијанистите Мелани и Филип Пеоски.  Младата Гическа отсвирила по воведниот концерт на Пеоски. Вирутозно исполнила дела од Бетовен, Шопен, Рахмањинов и публиката не ја оставила рамнодушна. ,,Везела,, на новиот клавир Стенвеј сонс, што е број еден според квалитет.

Прилепскиот проект продолжува со нашата виолинистка Софија Никоска на 23 март.

Фестивалот е замислен како мост за културна соработка меѓу Македонија и Германија. Се очекува да продолжи со други уметници не само од Прилеп, туку и од Македонија.

Loading