Утре е 29 февруари – 2020 е престапна година.
Носи ли среќа најкраткиот месец во годината кој овој пат има ден повеќе! Се верува дека престапната година носи позитивни работи.
– Среќа е да се родиш на 29 февруари. Можноста е 1 спрема 1.461, математички пресметано. Значи 0,068 отсто среќа.
– Кога роденденот е на 29 февруари, се прашувате кога да го славите на 28 или на 1ви…?
– Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да го запросат својот партнер. Дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат., ако не е 29 февруари. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа би им се случило. Речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето, оти до сега не ја запросиле партнерката од страв да не бидат одбиени.
Сами сме ковачи на среќата секој ден, не само на 29 февруари. Имајте што повеќе договори, бизниси, веселби, да има што повеќе свадби, деца и насмевки. Затоа што така сте решиле и така сакате, така треба!
Темни пророштва
Според некои верувања во престапната година, не треба да се започне со сериозен бизнис. Суеверните веруваат дека не треба да стапат во брак затоа што тој ќе заврши неславно. Не е препорачливо да се садат овошја во престапна година, бидејќи ќе дадат плод на секои 4 години. Притоа, ако се садат, треба да се сади во есен, а не во пролет. Совет: престанете да читате вакви текстови, време е да ги засукате ракавите и да го вклучите мозокот.
Родените на 29 февруари се со „шесто сетило”
Во Ирска, правило е дека сите деца родени на 29 февруари добиваат подарок од 100 фунти. Има 4 милиони луѓе родени ширум светот на 29 февруари. За овие деца се верува дека се креативни, способни и уникатни. Да се родиш на 29 февруари значи да се биде надарен со „шесто сетило”, а овие луѓе се сметаат за среќни и се верува дека често поседуваат некои посебни таленти. Гинисовата книга на рекорди го запишува и семејството Кеог од Ирска, чии три генерации се родени на 29 февруари. Во гинисовата книга се наоѓа и норвешкото семејство Хенриксен, во кое трите деца им се родени на 29 февруари.