ЧИСТЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ЗА 72 ЧАСА.

drob

Постои природен лек кој е ефикасен за пушачите и оние кои дишат загаден воздух. Белите дробови се чистат и се овозможува поголем капацитет. Овој илач е мелем и за ослободување од кашлица и затнати бели дробови. Пушачите и непушачите би требало да го пијат напитокот да ги елиминираат токсините наталожени во белите дробови, како и вишокот слуз.

Уникатниот рецепт едноставно го ,,оживува,, респираторниот систем и ги отвора бронхиите.

Потребни се 2 лажици куркума во прав, 1 корен од ѓумбир со средна величина, 400 г. кромид, 400 г. шеќер (или мед) и 1 литар филтрирана вода.

Се карамелизира шеќерот, па се додава водата и се остава да се раствори и зоврие. Доколку се користи мед, се остава на крајот од постапката. Во меѓувреме, кромидот се лупи и се сече на четвртинки. Се лупи и ѓумбирот и сечка на ситно. Двете состојки се додаваат во водата што врие. По пет минути, кога водата ќе зоврие, се  додава куркумата. Се намалува малку огнот и се остава течноста да испари до половина. Штом се преполови течноста, се тргна садот и се остава да подизлади. Потоа се процедува и се додава мед. Се меша додека се раствори. Течноста се складира во стаклено шише или тегла. Се чува во фрижидер.

Се употребува секој ден по една ракиена чашка наутро на празен стомак и два часа после оброк, навечер.

Loading