Во организација на Сојузот на борците и прилепското здружение на пензионери на 23 февруари по 76-ти пат се одржа традиципоналниот планинарски февруарски марш. Учествуваа за славните традиции околу 300 планинари, меѓу кои и пензионери, од друштвата Картуш и Козјак, од Битола, Велес и Кавадарци на патеката од 16 километри од превојот Слива, преку планинските ридови до месноста Две Стени, манастирот Прилепец каде учесниците беа послужени со топол чај. Четиричасовниот поход го завршија во манастирот Св. Димитрија кај селото Селце на пријатно време, погодно за уживање во планините.
Февруарскиот марш се одбележува во слава на борците на Македонско-Косовската бригада која во услови на зимска бура неколку дена, гонети од надмоќните и опремени германските и бугарските фашистички окупатори успеале да ги надмудрат и да се извлечат од обрачот.