ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА КУЛТУРАТА

Министерството за култура ја објави годишната програма за финансиска поддршка на културата, на поединци и НВО од градот. Пари се одделени за театарски претстави, за изложби, за заштита на културното наследство, конзервација на фрескоживописи, за археолошки истражувања.

ЦК ,,Марко Цепенков,, доби поддршка за подготовка на четири претстави – ,,Каменот,, во режија на Кристина Димитрова, која веќе се подготвува, ,,Физичари,, во режија на Јован Ристовски, ,,Црно семе,, во режија на Андреј Цветановски и ,,Забава, забава,, во режија на Кристијан Винклер. Пари ќе има за гостувањата на театарот во Враца, Бугарија и во Лајпциг, Германија. Ќе се реализираат 25 групни и самостојни изложби од еминентни уметници, како и ликовната колонија Дрен 2020. Поддрчка доби и издавање на два броја на ,,Стремеж,,. Потоа за концерти и за гостувањата на Македонската филхармонија и Националната опера и балет. Центарот доби финансиски средства за инвестиции во аудио и визуелна опрема.

На Заводот и музеј му се одобрени проекти за околу 30 милиони денари. Ќе се набавува опрема за Музејот, за реконструкција на галеријата, за обуки за библиотекари и за набавка на нова литература. За заштита се планирани осум милиони денари. Поддршка добијаа проекти за препокривање на цркви, за  заштита на фрескоживописи, за заштита на иконостасот на црквата Св. Боаговештение, за конзервација на неколку археолошки локалитети… Околу 20 милиони денари се насочени за манастирот Св. Богородица Трескавец.

Институтот за старословенска култура со држвни пари ќе истражува археолошки локалитети. Државата ќе го следи тридимензионалното моделирање на пет археолошки локалитети во земјава. Здружението Менелај доби средства за издавање на списанието Археолошки информатор.

Членовите на Клубот на литературни творци Божана Тренческа, Снежана Паноска, Андриана Ристеска, Тони Павлески ќе издаваат творби со државна помош, како и Габриела Стојаноска Станоеска книгата ,,Драми,,.

Уметниците Марјан Стојаноски, Давид Атанаоски, Борче Колароски и други автори ќе изложуваат со државна фининансиска помош. Средства има и за ликовните колонии има и ЦСЛУ.

,,Чин 4 Сцена 5,, ќе ја реализира претставата ,,Галеб,, од Чехов во режија на Саша Нацевски, а Мал театар ќе го  организира второто издание на фестивалот за деца ,,Силјан Штркот,,.

МТФ ,,Војдан Чернодрински,, доби пари за организација на фестивалот и за конкурс за ЕУРОДРАМА, за нови драми и антологија на избрани драмски текстови.

Печатницата Ацетони ќе ги печати книгите ,,Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење,, од м-р Каролина Мицевска и  ,,Културната политика и менаџирање во библиотечната дејност,, од д-р Наде Караџоска.

Loading