Велиме заштитен ,,како бубрег во лој,,. Да, токму така, бубрезите се два грашковидни и релативно мали органи од витално значење. Заштитени се од повреди длабоко зад стомачните органи. Озавиткани се со масна капсула и закачени на цврстата грбна мускулатура. Тие се централен и функционален дел на уринарниот систем. Два се. Ако едниот откаже или ја намали функцијата, другиот,,братски,, ја презема работата на двата и функционира без никакви последици по здравјето на ,,домаќинот,,.
Бубрезите ја филтрираат крвта. Минува низ сложен систем на каналчиња и чиста се враќа во телото. Отпадокот се исфрла. Бубрезите се многу ,,паметни,, и ,,штедливи,,. Не дозволуваат грам течност да се загуби бесполезно. Дневно преработуваат околу 200 литри крв. Краен производ е 1,5 литар урина. Со прочистувањето го ослобуваат телото од отрови и го регулираат балансот на течности и минерали во телото. Играат значајна улога во регулацијата на крвниот притисок.
Преку храната и пијалаците секојдневно се внесуваат прекумерни количества токсини, а со тоа бубрезите дополнително се оптоваруваат. Најголемите непријатели на бубрезите се животинските протеини, солта, вештачки засладувачи, кофеинот од кафето и газираните пијалаци, цигарите и алкохолот, млечните прозводи, вештачките адитиви и бои.
За прочистување од токсините се потребни ½ лимон, 1 киви, 25 г. ореви, 1 банана, ½ китка магдонос и 1 чаша вода.Состојките се ставаат во блендер. Се миксаат додека не се добие мазна изедначена смеса, кој по вкус можете да ја разредете со вода. Се консумира по желба.