Кога не е доволно што го креваш гласот, крени го стапот!
Х
Некој сака морков некој зелка, ама барем да се од нивната градина.
Х
Некој тешко врзува крај со крај, некој нема ни за почеток.
Х
Не само кукавицата се вгездува во туѓи гнезда…
Х
Се обидуваат да не искорнат оние без корен.
Х
Долгото носење маки доведува до безличност.
Х
Случајни властодршци се борат само да си ја сочуваат фотелјата.
Д-р Хаџи-Васков