ОДБРАНА НА 8 МЕСТО

Победа

Конечно, екипата на Победа го освои првиот есенски бод од гостински терен. Во Радовиш резултатот е 0-0. Ремито има тежина ако се знае дека домашната Плачковица беше фаворит, имајќи предвид дека во Прилеп победи со високи 2-5. Прилепчаните во Радовиш испуштија шанса за победа. Но и бодот оди во прилог на подигање на оптимизмот во екипата. Сега в сабота (13 часот на Могила) со Осогово е борбата за 8 место. И со реми Победа останува осма, но, секако, дома доаѓа предвид само триумф. Важно е да се победи за напролет да се гледа некаква шанса за опстанок.

Табела: Беласица 31, Брегалница 28, Тиквеш и Пехчево 27, Кожуф 26, Саса 17, Плачковица 12, Победа 8, Осогово 6, Питу Гули 3.

Loading