ЦРВЕНИ ФЕНЕРИ, ЛАЛИЊА И ЛЕГАЛНА ДРОГА

Холандија

roterdam

Холандија не е позната само по Амстердам. Таму е легализирана проституцијата и дрогата.  Покрај лалињата и ветерниците на ,,ниската земја,, оти голем дел од копното е под нивото на морето, оваа земја мами авантуристи.

Раскошна е понудата. Само низ Амстердам, не се открива Холандија. Особена онаа која почива на современи вредности. Земјата ги негува семејството, образованието, гостољубивоста, тишината. А Амстердам е како Холандија во мало, иако некои сметаат дека не е огледало на земјата. Симпатични се Ротердам и Аиндховен со ветерниците по кои се препознава ова мала земја со многу различности. Не се знае само точно кој е симболот – секс шоповите, улиците со црвени фенери, славното холандско сирење, лалињата…

tulips-1-682x920

Претстојот во малиот град Ден Бош е интересен иако може да се јурне за неколку часа. Пристојното градче анимира многу посетители со тишината парковите, зеленилото. Оваа дестинација е идеална и за шопинг. Се нудат сите брендови за ниски цени. И сувенирите се евтини. Многу заљубеници во тенисот се посетители, оти градот располага со игралиште на трева што е тениско слатко со ѕвездите Федерер, Вердачко… Околните хостели се нудат по ниски цени 20-35 долари од вечер. Подобрите се околу 40 долари, а приватните соби меѓу 50 -100 долари, додуша за двокреветна соба.

Во близина е градот Вијк биј Дурстед, налик на бајките од Андерсен. Постои симпатичен дворец, само недостасува принцеза или принц. Кога ќе се запознаат, Холанѓаните се најљубезен народ. Балканците се шокираат кога  ќе осознаат. Оти кај нив владее мислење дека се студени и арогантни Европјани.  Насекаде, во продавниците, на улиците, во фурните или на автобуските станици, донаќините љубезно поздравуваат со насмевка и максимален труд да помогнат. Мнозинството совршено говори англиски. Велат дека знаењето се должи на тоа што филмовите им се титлувани. Жителите важат за едни од највисоките луѓе на светот. 

Холандија е позната по ветерниците. Најконцетрирани се во Киндердијк во Јужна Холаднија, 15 км, оддалеченост од Ротердам. Името значи Детско езеро, кое настанало по големите поплави во 1421 година кога била пронајдена колевка одржувана од мачка, а во која имало и дете, кое ги  преживеало поплавите. Оваа легенда ја минала и англиската приказна Мачка во колевка.

Во Холандија изненадуваат песочните плажи. Во воздухот се чувствува лесен и пријатен ветер. Околу играат галебите. Водата на морето е ладна. Не е баш за капење, но добро е за сончање и за летање на балон, змеј. Пријатно е да се пешачи по песокта низ која се најдуваат многу остатоци од школки. Брег како Калифорнија, погоден за сурфер.

galebovi

За изнанадување е фасцинантниот Ротердам. Тотално поинаков. Тоа е нова Холандија. Холанѓаните не го доживуваат така. При бомбардирањето во Втората светска војна, бил уништен стариот дел од градот. Малку останало од историјата. Затоа е економски најразвиен, со поволна географска положба  и огромни инвестиции. Ротердам е познат како најголемо пристаниште на светот на вливот на реката Рајна во Северното море. Центарот е начичкан со нови згради, трговски и деловни центри. Во необичната скалеста зграда е библиотеката во која е постојаната поставка на декоративни цвеќиња. Дел од објектите наместо кос, имаат коцкаст покрив. Најатрактивен е мостот Ерасмус. Холанѓаните го викаат лебед. Чудото од архитектура е изградено во  1996 г. Висок е 138 метри и  ги поврзува северниот и јужниот дел на градот. Центарот е фантазија. Како да е на друга галаксија. Ротердам е град на иднината. Ретко кој не се заљубил и по престој од неколку часа.

Холандија навистина е прекрасна земја, спој на старото и новото, на вулгарноста и пристојноста, на плажите, ветерниците и уште многу, многу друго.

Loading