БИЛКИ ШТИТАТ ОД ЧАД НА ЦИГАРИТЕ

Нужно е да се одгледуваат дома билки кои штитат од штетен чад на цигарите, хемикалиите и зрачењето. Растенијата го апсорбираат штетното зрачење на телевизорот и ги елиминираат штетните материи што испаруваат од бојата, разредувачите и средставата за чистење.

Добро е да се негува барем по едно растение на секои 7 м2. простор. Најдобрите елиминатори се фикусот, папратите, драцените и кактусите.

Драцената е украсно растение кое лесно се одржува. Отпорно е на температурни разлики. И одговара светлина, но не би смеела да биде на директно сонце, а ниту на провев. Мора редовно да се прска со вода. Драцената ја намалува концентрацијата на формалдехиди и на останатите испарливи компоненти на средствата за чистење, бојата, разредувачите, различните спрејови и дезодоранси… Таа е природен освежувач на воздухот.

Верувале или не, фикусот е најдобар за домови со чад од цигари. Растението го неутрализира чадот од цигарите, ја намалува концентрацијата на јаглероден диоксид и моноксид, но и хемикалиите од многу бои и лакови. Фикусот не треба да стои на промаја, но ниту да биде директно изложен на сонце.

Папратот ја намалува концентрацијата на формалдехид што испарува од мебелот, од лепилата, боите, детергентите и другите материи. Потребна му е голема количина на влага и не смее да биде на директно сонце.

Loading