КОСТЕНИ ВО РЕРНА

IMG 6199

Есента ги носи омилените плодови – костените. Бабите порано ги печеа на оган, а денес во рерна. Да се испечат не е потребна којзнае колкава мудрост. Многумина одбегнуваат, зашто се чини дека е потребна голема мака. Но, многу е лесно.

Потребни се свежи костени и остар нож. Секој костен се засекува во ширина додека лушпата убаво да се отвори. Расечените костени се ставаат во тенџере со вода и малку сол. Се оставаат да зовријат. Се вадат од водата, и се префрлаат во тепсија обложена со хартија за печење, па се ставаат во загреана рерна на 220 степени да се печат околу 15 минути.

Печените костени се ставаат во чинија, покриени со крпа да отстојат околу 5 минути за лесно да се лупат.

Loading