ПЧЕЛИТЕ РАБОТАТ ДОДЕКА ВРЕМЕТО Е ТОПЛО

pcelaНаправете добро дело за иднината и оставете лажица со шеќер во дворот. Можеби звучи необично, најмалку што можете да се направи за животната околина и за својата иднина е да оставите една супена лажица со шеќер во градината.

Многумина не ги сакаат пчелите, зошто понекогаш се здодевни. За да не исчезнат овие полезни инсекти, но и за другите инсекти кои се опрашувачи важно е да ги помогнеме, бидејќи пчелите исхрануваат 90 отсто од светската популација. Доколку исчезнат пчелите како главни опрашувачи, не би се живеело уште долго. Ентомолозите се загрижени поради наглиот пад на бројот на инсектите во изминативе години.Причината е во зачестеното користење на пестицити, хербициди и гмо.

Бе да се биде жесток бранител на природата, доволно е само да се почитува животната средина. Постои изненадувачки едноставен начин да í се помогне на планетата. Зашто секој може да стори нешто да се зачува на нашиот прекрасен свет да им се остави на потомството.

92-годишниот сер Дејвид Атенборо го посвети животот на заштита на правата на животните, заштита на животната средина и заштита на природата.

-Ако пчелите исчезнат од земјата, луѓето можат да живеат уште само 4 години – напиша тој.

Тој не е првиот човек кој го споделил ова сериозно предупредување за состојбата на земјата.

Иако пчелите изгледаат мали и незначителни, тие опрашуваат третина од сите производи што ги консумираме.

-Популацијата на пчелите се намали за третина за пет години. Ситуацијата не е безнадежна. Потребно е само да се измешаат шеќер и вода, а добиениот сируп  да се стави во лажица и да се остави во дворот, на тераса или во градината. Со ова сите помогаат да се спаси човештвото.

Пчелите се уморни во овој период од годината. Немаат доволно енергија да се вратат во кошницата и умираат. Ако на исцрпената пчела í се даде шеќерен сируп, í се враќа силата.

Втор начин да се помогне човештвото е да се засадат цвеќиња и разни медоносни билки кои ги сакаат пчелите.

Loading