РЕКЕТОТ ДА ТИ БИЛ ПОЗИТИВЕН ЧЕКОР

pismo-2

Ј. Б. Тито на еден говор во Рудо рече: “Има судии кои се држат за законот како пијан за плотот, наместо да судат по политичкиот момент”. Од демократски цивилизираниот свет оваа изјава беше оценета како скандалозна. Политичкото размислување многу зависи и од домашното воспитување. Тука Кумровец малче помогнал. Судиите добро знаат дека ако политиката влезе во судницата, правдата ќе излезе низ прозорот. Цивилизираниот политичар не треба ни да знае каде се наоѓа судската палата и судиите. Зборот “право” ужива голем углед. Тоа е синоним на ред, правда, легитимитет, ненасилство, авторитет и строгост. Правото подразбира владеење на закони, а не на луѓе.

Зборот пак политика не предизвикува ни оддалеку таков респект, како да е нешто валкано, погрешно.

Не знам како овој рекет – позитивен чекор би можеле да го сватиме позитивно. Значи ли тоа дека рекетарите чесно си ја извршиле својата нечесна задача.

Животот во незнаење е блажен за оној којшто не ја чувствува неправдата или е нејзин сотавен дел. Свети Августин вели: “Без правда што дуго се државите освен голема разбојничка банда”.

Не смее да се изневери правдата а да се проголта неправдата. Демократија е да не си затворен затоа што си отворен.

Политичари, посебно Северно – Македонци, оставете ги оние ваши договори, преговори, двојазичности. Оставете ги туѓите желби. Не гледате ли дека птиците ни одлетаа, а само гавраните останаа. Белата чума ја покосува Македонија. Билети во еден правец. Живот спакуван во куфери, спомени во торби, во потрага по достоинствен живот. Борба за егзистенција, а не за луксуз. А имаа обичен живот на преживување, чкрт младешки поклон кој побрзо би нестанал отколку да се спознае. Нејасни сомневања во нешто злокобно, готово како да започнува некое патување во неповрат. Нигде да би нашле причина за радост. Тажни сме поради нивната тага.

Рушејќи за еден ден сé што било создавано со децении, надевајќи се на вечна слава, ќе ја здобијат “херостратовата слава”. (Херострат го запалил Артимединото светилиште храм во Ефес. Бидејќи тоа го направил со желба да без обзир на сé, постане славен, Ефешаните забраниле да никој никогаш не го спомне неговото име. Забраната била пропратена со клетва и била најверојатно строго почитувана, со ретки исклучоци).

На овој наш напукнат чамец секој ветар му е спротивен и затоа понекои судии го мирисаат ветерот за да дознаат на која страна да се завртат. Нашите политичари нека учат од Нелсон Мендела што е тоа правда и како се сака и се жртвува за својот народ и држава. На неговата инагурација за претседател на Јужно Африканската Република Нелсон Мендела ги покани и своите тројца чувари од затворот во кој одлежа 28 години. Простување кое фрапира подалеку од границите на човечното.

Ако рекетот, криминалните дејанија и скандали ни служат за потврдување на функционирањето на судството, навистина имаме смисла за хумор.

Прим. д-р Б. Дамески

Loading