НОВИ ВОЗИЛА ЗА КОМУНАЛЕЦ

Со средства од ЕУ

IMG 5897

Комуналец доби ново возило за комунален отпад. Наскоро и хидроулична преса. Се подобруваат услугите на јавното претпријатие.

Возилото чини околу 61.500 евра, а пресата 60 000 евр. Средствата се добиени со финансиска помош од ЕУ преку проектот Био-реал.

Комуналното возило го испорача Каргомакс Ивеко. Претставникот, Филип Христов, очекува возилото долго да служи.

– Се надеваме возилото долго ќе служи за добробит на сите граѓани и на претпријатието – рече Христов.

За Ирена Станкоска, в.д директор на Комуналец, најбитно е обновувањето на возниот парк. Новото возило е прво по 10-ина години.

-Благодарение на ЕУ и проектот Био-реал, Комуналец по околу 10 години првпат добива ново возило, кое ќе се користи за потребите на граѓаните и на претпријатието. Со новото возило и со другите кои ќе ги набавиме со поддршката на локалната самоуправа, ќе го подигнеме квалитетот на услугите, да ги заштититиме животната средина и амбиенталниот воздух – рече Станкоска.

Градоначалник Илија Јованоски најавува обновување на возниот парк на претпријатието за што се планирани средства од локалниот буџет.

-Ќе се набави и хидроауличната преса за различни материјали (метал, хартија, картони, полиетиленски материјал) кои понатаму ќе се рециклираат. Со тоа се олеснува превозот на пресираните маетеријали. За в година, во општинскиот буџет, се предвидуваат средства за обновување на возниот парк на Комуналец – рече Јованоски.

За брзо време ќе се распише јавна набавка за специјално комунално возило од 13 м3, исто така, финасирано од ЕУ-фондовите во вредност од 100.000 евра.

Loading