ВРАНГИ ЗА ЗДРАОЖИВО НА УМРЕНИОТ

Дошол Итар Пејо од Маријово во Прилеп и по сокаци викал:

-Идам од кај умрените, бре, е-е-еј!

Излегла една Анка и го прашала:

-Од кај идиш?

-Од кај умрените!

-Дали го знај’ш Авмед наш?

-Го знај’м! Авмед је на голем завмет, на многу голема работа, ама за пари страда!

Тогај Анка зеде едно ќесе со вранги, му го даде и рече:

-На ти вија пари, да му ки дајш на Авмеда и да му речиш: ,,Многу здруживо имаш од мајка ти Анка и татка ти Расим,,!

Пејо си ошол. Дошол дома агата, татко му на Авмеда. Анка, радосна, му кажува:

-Помина Итар Пејо. Идеше од кај умрените и викаше по сокаци: ,,Идам од кај умрените,,. Го прашав за Авмеда наш, Како поминује кај умрените? Тој ми рече, как је Авмед наш бил на голем завмет. За пари страдал! И му даов пари, едно ќесе вранги.

-А, мори, будало! Од кај умрените бидува ли човек да иди? Брго да го извајиш којно од пондила. Дај ми ја пушката и сабјата, да го стасам!

Пејо о’шол кај еден воденичар, се пулил надзад, кај шчо ќе го встаса агата, и му вели на воденичаро:

-Го гледаш оној агана шчо иди на којно со пушката и со сабјата? Теб’ те бара, ќе те отепа!

-Шчо да правам, кај да се кријам?

-Качи се горе на тополана. Кога ќе дојди, че му речам: ,,Неје туа воденичаро,,.

Воденичаро се качил брго на тополата и се скрил, а Итар Пејо се -избрбешкал во брашното, се сторил воденичар! Дошол агата и го праша Пеја:

-Дал го виде Итар Пеја кај отиде?

-Га видов. Ене онамо замина, и со прсто кажал на тополата, кај шчо бил воденичаро скријен. Се опулил агата угоре во тополата:

-Аха, ене го!

Слегол агата од којно, го врзал којно, ги собул чизмите, ја сметнал капата, ги оставил и пушката и сабјата, и зел да се качува на тополата. Дури се качил Турчино до полу на тополата, Пејо ги обул чизмите, запнал сабјата за појас, кла’л капата на глава, зел пушката на рамо, јавнал којно брго и летнал да бега! Отуа побегнал малку место и викал:

-Јаз сум Итар Пејо, тој што иди од кај умрените. Тој горе на тополата је воденичаро!

-А, бре, пезевенк! Тој каурин и мене ме излага!

Си дошол агата дома. Го прашала Анка:

-Шчо напрај? Камо ти го којно?

-Му го даов на Итар Пеја и којно, и сабјата, и пушката, и чизмите, и капата! Ко’ је Авмед наш на толку голем завмет на оној свет, нека му го, му требе од се нешчо да има!

Така агата ја излагал жена си И обајицата останале излагани!

Loading