ОСАКАТЕНА МАКЕДОНИЈА

pismo-2

Да се преживее скоро илјада години под римско ропство, петвековно османлиско, да се опстани еден век континуирано асимилирање, распарување и масакрирање, претставува светски рекорд на жилавост и способност за опстанок на македонскиот народ. Но, дали да се гордееме или да се срамиме на таков морбиден и монструозен рекорд.

Во почетокот на 20 век, ирскиот револуционер Казимед, пред да биде изнесен на бесилка викнал – ,,Цивилизираниот свет, големите сили, најголемо злосторство и неправда им направија на два народа, на ирскиот на запад и на македонскиот на исток од Европа. Им ги раскинаа нивните ткива, заради политички и империјалистички цели,,. Али Зејфула Бег 1904 г. í пишува на својата жена – ,,Ако не беше твојата љубов кон тебе, би преминал на страната на мирниот македонски народ, кој е измачен од нас,,.

Деновиве, во оваа наша демократска држава слушам дека од понеделник почнува апсење. Каква храброст и дрскост тоа да се каже. Секогаш сме биле и сме дивеч за отстрел. Не сме толку наивни да не знаеме дека за Македонија се кројат големи игри. Колку за потсетување, исчезна нашето шеснаесетзрачно знаме, името се промени, не постои македонски народ, ја подаривме богатата македонска антика и најбогатата македонска историја, херои, жртви, просветители, го загубивме македнскиот цар Самуил,  предзнакот македонски на институциите, внесовме двојазичност, збришан е асномскиот устав, уништуваме значајни споменици со некои неразумни додавки, промени на имињата на улиците и плоштадите, во изводите на местото од Република Македонија има коса црта, во државјанството, граѓанин на некоја Северна Македонија. Се чепка и во химната македонска, после 60 години на ,,Струшките вечери на поезијата,, ,,Т”а за југ,, се пее на албански јазик, диригирано судство, послушен парламент, обична кворумска, бројка, рекетирање, грабежи, убиство, газење, уривање на достоинството на државата и на македонскиот народ.

И на сето ова да дадеш поддршка? Немам зборови. Се срамам. Не се во прашање ниту НАТО, ниту големата илузија, ЕУ? Се крои нешто големо со Македонија! Нејзиниот опстанок?

Каде е оној финансов товар на државата, некогаш наречен МАНУ, а денес не знам како? За фалсификување на своја штета сме супермајстори. Посебно за нашите современи историографии, обилно нашарани со магистерски и докторски пердуви. Честитки за историчарот Скендер Асани, кој на својот ФБ напиша – ,,Поставените ознаки за Александар и Олимпија, како Хелени се историска измислица. Со ознаките се изобличуваат историските факти,,.

Каков парадокс? Да се откажеш од сé што е твое и да го прогласиш за туѓо. И сам себе си да се прогласиш за бифши измамник кој ја крадел туѓата историја. Договорите биле неповратни. Така потпишале. И Сталин потпиша договор со Хитлер за ненапаѓање, но набргу Хитлер тоа го заборави и го нападна Советскиот сојуз. Сите меѓународни договори во историјата се потпишани со посредници, но за нивно укинување тоа е беззначајно. Не можеш да тврдиш дека си суверен и независен, ако по туѓа волја го промениш своето име. Суверенитетот, незавиноста и идентитетот се цврсто врзани. Името е дел од суверенитетот и идентитетот.

Не сакам да ја проколнувам темнината, но сакам да соберам храброст да ја запалам свеќата, зашто обесениот е обесен и кога ќе се сметне од бесилката.

Прим. Д-р. Б Дамески

Loading