УШТЕ ЕДЕН БЕК ВО ПРИЛЕП

Ракомет

По нагорна линија се движат работите во ракометниот прволигаш Прилеп.Се очекува официјализација на доаѓањето на уште еден нов играч, бек – среден и лев. Вкупно е шести новодојден, оти претходно пристигнаа бековите Ѓорѓиев (Делчево), Дамјаноски (Струга) и Кузманов (Неготино), пивотот Пајкоски (Струга) и крилото Ташев (Неготино). Тренинзите под водство на Андријано Котевски 17 дена се одвиваат главно во градов, на отворено и в сала. Два дена мина и во Дојран, Во служба на уигрувањето, ќе биде турнирот ,,Миле Нешкоски,, на 29 и 30 август. Таму секој со секого ќе се сретнат: Прилеп, Тиквеш, Академија Алушовски и Металург 2. Првенството стартува на 14 септември дома со Јуниор КВ. Во лигата се уште Вардар (Н), Македонија ЃП, Куманово, Риниа, Младост 09, Алушовски и Текстилец.

И женската Деспина е во засилен тренажен процес со тренерот Страшо Илиески. Сезоната стартува на 15 септември дома со фаворитот Куманово. Во лигата се уште Металург, Гевгелија, Спартак, Вардар, Стружанка, Ѓ. Петров, Кузман ВИ, Чаир, Пелистер, Цемс, Алушовски и Овче Поле.

Loading