АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога не сте задоволни од специјалниот барајте суперспецијален.

x

Наместо да ги  насочи едрата според ветрот  очекува тој да се пренасочи.

x

Оние без корен успешно се вкоренуваат на добри позиции.

x

Преку леб погача не бара сиромавиот.

x

Најмногу средства за иновации сакаа да приграбат оние кои умеат да ги полнат само своите џебови.

x

Не донесувај заклучоци ако ги немаш клучевите при себе.

x

Состојбата е добра ама само поради сознанието дека може да биде полоша.

“Д-р Хaџи-Васков”

Loading