ТУРСКИОТ СЕН ТРОПЕ – БОДРУМ

Ne slucajno Bodrum go vikaat turski San Trope

Боемско сретнувалиште на многу уметници, писатели, естрадни ѕвезди и милионери од Турција и од целиот свет. Тоа е турскиот град Бодрум на брегот на Егејското Море. Најубавите јахти имаат редовна парада, а градската плажа не е валкана. Напротив, претставува една од најчистите плажи на светот. Кога ќе падне мрак, лежалките се заменуваат со удобни столици, се пие вино покрај Егејот.

Не така одамна во подножјето на Карските Планини, од едно мало рибарско место, се создал еден од најубавите туристички центри на турскиот брег – Бодрум. Маузоловиот храм долго чекал со околните вредности да ја истакне значајната позиција низ призмата и огледалото на туристите, кои посакуваат одмор и забава. Се разбира, и нови сознанија.Туристите денес, кога ќе им се спомене Халикарнас, мислат за познатата дискотека, најголема во Европа. Халикарнас не е диско, мавзолеј, не е надгробен споменик, Ефес не е пиво, Артемидиниот храм не е харем, а Херодот е татко на историјата, се родил овде, во подрум во Бодрум.

Антички чуда

Им благодариме на Херодот и на нашите водичи кои нé учат да ги запознаеме и доживееме чудата на античкиот свет, од кои од седумте величенствени, на овој простор се наоѓаат “само” две! Не се пишуваат за години, само треба да се види кога и да е. Се чувствува близината на долината Меандра, древните градови, Афродизијас, Дидим и Милет, места низ кои тече бескрајната приказна за Ефес и Артемидиниот храм. Карските династии оставиле длабока трага, Артемисија 1 била една од најголемите личности како жена војсководач. Артемисија 2 била жена (вдовица) и сестра на познатиот Мавзол, која ја завршила градбата на неговиот грандиозен споменик, сместен во срцето на градот. Старите цистерни за вода го враќаат средновековниот дух. Од капијата на Миндос се простира поглед на театарот кога цветала античката култура, Халикарнис, со 13 илјади седишта. Денес се одржуваат културни манифестации. Концерт одржал и Бреговиќ. Сé е бело, сé што е јавно, е обоено во бела боја. Архитектурата потсетува на грчките острови од кикладскиот архипелаг. Таква е и атмосферата, Бодрум е турскиот Сен Тропе. Боемско сретнувалиште на многу уметници, писатели естрадни ѕвезди и милионери од Турција и од целиот свет. Најубавите јахти ја имаат редовната парада, а градската плажа не е валкана, туку е најчиста во светот. Кога ќе падни мрак, лежалките се заменуваат со удобни столици, се пие вино покрај Егејското Море.

На околу 15 до 20 километри се наоѓа најубавата природа, заливи, плажи и места што ги составува единствен назив – Бодрум.

Tirkiz niz bodrumskata laguna

Морето заплискува столици

Јаримадаси – полуостров. Се редат Гундоан, Јаликавак, Гјумушлук… Возејќи се низ улицата Александар Велики, а може и пешки, се затвора круг околу две преубави места кои се спојуваат во една целина. На југоисточната страна на полуостровот атракција претставува заливот Гекова. Тесните и диви заливи, боровата шума и старите блиски села, се мека за крстарење и обиколка со туристичко бродче, направено како оригиналните рибарски пловила. Впечаток е дека Бодрум е држава во држава. Домашното население, е љубезно. Бодрумќани уживаат во белите вили на зелениот полуостров. Дел од убавинат им препуштиле на свои сонародници. Шетањето по тесните улички, кои се составуваат со бодрумската марина и просторот околу тврдината Свети Петар, се дополнува и закрепнува со локалната стара гостилница на брегот со традиционалниот црн чај. Може да се одигра и партија тавлија, а наргилето не е задолжително. Од пешачката зона, може да се сврти во тесните сокачиња кои водат до малите плажи кои подготвено чекаат гости со столици што ги заплискува морето. Персоналот стои на штрек, подготвен да ви излезе во пресрет. Тука се најубавите рибни ресторани со специјалитети од морски плодови. Се подготвуваат специјалитети од тесто: лаваш, пиди и лахмаџан – своевидна турска пица, потоа разни донери, кебапи…. Лутите пиперчиња се бесплатен зачин, а костенливото овошје е на сите страни. Раскошна е понудата на сувенири со уметнички ведности.

Ноќниот живот е посебен, од големи дискотеки до мали урбани повлечени локали. Катамаран (брод) клуб испловува на полноќ. Таму негде низ морската шир, далеку од сите се ужива во животот. Сите амфори од Средоземјето застанале во крсташката тврдина Свети Петар, денес најголемиот музеј  на подводна археологија во светот. Повеќе од еден век, тврдината била истурен дел на христијанска Европа на границата на растечкото Османлиско царство. Витешките редови на свети Јован врежале неизбришлив печат. Во музејот се остатоците од бродот што припаѓал на египетската кралица Нефертити. При изградбата на овие импозантни тврдини користени се блокови, статуи и рељефи од мавзолејот кој настрадал во земјотрес. Блиску е и грчкиот остров Кос, родното место на таткото на медицината Хипократ. Централната агора сведочи за бурната историја и врските со соседните градови. Тука се и старите џамии, цркви и неодминливите тврдини, градени со ред од витезите “Јовановци” од Родос. Температурата пред крајот на септември не паѓа пониско од 30 степени.

“Чувства, малку чувства” да се нурнеш во синилото на Медитеранот, да извадиш уште една амфора. “Малку море, малку сон, тоа е сé што сакам”, на дофат на раката, светското чудо… Бодрум, Бодрум.  

Loading