КУП ВО САЛА „МАКЕДОНИЈА“

Историја

Одамна во салата „Македонија“ не се одржуваат спортски натпревари, а некогаш во неа имаше врвни настани. На 20 февруари 1992 година се одиграа двете финалиња од Купот на Македонија во ракомет. Во женска конкуренција се сретнаа Тутунски комбинат, југословенски второлигаш и Ѓорче Петров, прволигаш. Победија гостите со 14-25 (2-10). Најдобар стрелец на мечот со 8 гола беше Паниќ (Т. Комбинат), а најдобар играч Б. Наумоска (Ѓ. Петров).

Во машкото финале Пелистер со 32-21 го совлада Куманово.

Loading