Додека можеа ја пишуваа историјата како им одговара, а сега велат дека не ни е потребно минатото.
Х
Кога постојано ги започнуваме работите од почеток јасно е дека само тапкаме во место.
Х
Политичките кујни стануваат се’ побрзи.
Х
Не покажувајте ни го Сонцето фрлајќи ни прав в очи.
Х
Дојде време да се внимава и на гулубот на мирот што носи во клунот.
Х
Познато е дека репресијата дава само краткотрајни резултати, а сепак продолжува да се применува.
Х
При слепи раководители тешко некој ќе прогледа.
“Д-р Хаџи-Васков”