Додека се колневме дека и животот ќе го дадеме за татковината, некои ја даваа татковината за својот подобар живот.
x
Оптимизмот ги отвара и непостоечките прозорци.
x
Вистината боли, ама вистинската болка ја чувствуваат само недолжните.
x
Не е добро да висиш на телефон со денови. Добро е да сфатиш дека си извисен.
x
Додека чекаше да го побараат – се брадоса.
x
Многумина претпочитаат да уживаат во зеленилото на банкнотите наместо во градското зеленило.
x
Долго чекаше да го погоди среќата, а откако тоа се случи – се стаписа!
“Д-р Хаџи-Васков”