Ловците во матно не дозволуваат да видиме бел ден.
Х
Ѓаволите не се женат. Доволно им било еднаш, а роговите им останале.
Х
Откако удри со глава во ѕид сфати дека влегол во ќорсокак.
Х
Подобро е воопшто да немаш поим, отколку да ги мешаш поимите.
Х
Вистината е на наша страна, ама правдата некаде залутала.
Х
Од сите живи суштества само човекот умее да си ја пресече гранката на која седи.
Х
Зарем подобро утре треба да дочекаме на гости кај соседот?!
“Д-р Хаџи-Васков”