МИНУС 4 КИЛОГРАМИ ЗА 3 ДЕНА СО ЈОГУРТ

jogurtАко сакате за кусо време да ги отстраните масните наслаги и да го исчистите организмот, утринскиот напиток ќе стане најважна состојка со која се приготвуваат вкусни јадења. Пролетта е идеално време за спуштање на вишокот килограми добиени од зимата. Доколку јогуртот е омилен пијалак, тоа е совршено решение. Јогурт-диетата трае три дена. Се топат мастите и организмот се ослободува од наталожени штетни материи. Комбинациите со јогуртот не се случајни. Секоја состојка е во функција на диетата. Важно е придржување до редоследот.

ПРВ ДЕН – Појадок – овошен или обичен немасен јогурт со снегулки по желба. Ручек – на маслиново масло се продинствува зеленчук и на крајот се меша со претходно сварен ориз. Освен сол и црн пипер, не се додаваат други зачини. Десерт – овошен јогурт. Вечера – пред спиење заситува салата со шунка и морков.  Се рендае еден морков, едно јаболко и 50 г шунка. Се пропржува со малку маслиново масло. На крајот се мешае со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН – Појадок – Салата од краставички со јогурт. Ручек – се посолува и запиперува малку мисиркино месо на коцки. Се пече на маслиново масло. Се додаваат сечкани печурки, една пиперка и еден домат. Се додава јогурт кога зеленчукот ќе омекне. Вечера – две чаши јогурт се мешаат со неколку бобинки шумско овошје.

ТРЕТ ДЕН – Појадок  – Со јогурт се меша сирење, сечкано јаболко и малку цимет. На крајот малку се посолува и запиперува. Ручек – се сечкаат 150 г. филе од ослич. За прилог е салата од јогурт, сечкана краставица и малку сенф. Вечера  – се варат 100 г. тестенини, на кои се додаваат сечкана пиперка и варено јајце. Сето се меша со јогурт.

Loading