Фудбал
Во фудбалот, како и воопшто во спортот, не е срамно, ами нормално е да се загуби. Доколку тоа се доживее низ голема борба на теренот. Ако е судено да загубиш, барем да те победи противникот, а не сам да се победиш. Ова последново и се случи на Победа при поразот со 3-0 од Шкупи во Скопје. Гостите како однапред да се помирија со поразот. Головите од евтин – поевтин. Така, од 6 можни бода, пролетва освоен е само 1, и следеше падот на дното од табелата. Но, никогаш не треба да се губи надежта, додека има шанси за опстанок. Нареден меч е ,,дома,, со Работнички, а в среда за куп со А. Пандев. Во меѓувреме, поставен е спортски директор, 27-годишниот Христијан Петрески. До скоро беше фудбалер, а порано и капитен на Победа, од генерацијата што прва настапи во третолигашка сезона, 2010 година.
Табела Шкендија 44, А. Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија ЃП 22, Силекс 20, Беласица и Победа 18.