Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски се искачија врвот Аконкагва во Аргентина
„Постојат денови кои едноставно МОРА да Ви се случат…без оглед колку недостижни и неверојатни Ви изгледаат. Постојат патишта низ кои мораш да поминеш. Тие патишта ќе те доведат до два вида на луѓе: едните се вистински како смртта, а другите лажни како животот!“. Ова е статусот на Фб профилот кој го напиша Маријана Ѓорѓиевска која заедно со Владимир Јованоски, станаа првите прилепчани кои се искачија на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва во Аргентина, висок 6.962 метри. Експедицијата траела 27 дена, од кои 18 денови поминале на планина во шатори. Врвот го искачиле за 9 часа и 20 минути. Аконкагва е вториот по височина сумит во светот. Тие се едни од 20-тината Македонци кои го искачиле врвот, а Ѓорѓиевска е 4-тата жена од нашата држава.
– Мојот пат ме доведе до највисокиот врв на западната и јужната хемисфера – Аконкагва. Назив кој доаѓа од домородско потекло и значи Камен стражар. Нејзините 6962 мнв те доведуваат до состојба да допреш до суштинското во себе и да се разбереш себеси како никогаш до тогаш. Тотална трансформација! Сваќаш дека постојат луѓе кои МОРА да Ви се појават во животот, постојат луѓе кои МОРА да си заминат, но постојат и такви кои НЕ СМЕЕТЕ да ги пуштите да си одат. И во таа збрка сваќаш дека мора да го одбереш изборот кој највеќе те плаши бидејќи тој ќе ти помогне најмногу да растеш. Како што вели Сократ: Висината на планината на која си се искачил се одредува со ДЛАБОЧИНАТА со која си излегол од неа. Бидејќи тука не станува збор за да се победи, туку да не се откажувате. Доколку имате сон – борете се за него! – пишува Маријана Ѓорѓиевска.
Нејзиниот сон го преточува преку фотографии. Ја посетила највисоката ликовна галерија во светот која е влезена во Гинисова книга во Плаза де Мулас кој е втор по големина базен камп во светот. Имала можност од “високо” да ужива во глетките на изгрејсонцето и зајдисонцето, а кога стигнала на врвот (Aconcagua B.C.) легендата на нејзината фотографија е: “И онаа познатата од Мерлин: Give a girl the right pair of shoes and she will conquer the world!”.
И Владимир на врвот, упатил порака испишана на лист хартија..
Со верба, сонот стана јаве за Марјана и Владимир!