ГРАД СО ЕДНА ЦРКВА И ПЛИТАРЕНИ КУЌИ

Белешки за Прилеп на руски дипломат од Битола од крајот на 19 век

554848 1738628666388407 8183098838012688046 n

Рускиот дипломат и поет Михаил Александрович Хитрово, конзул во Битола  во 1863 година, забележал дека Прилеп лежи во котлина обиколена со полукружни ридови.

Пејзажот на градот има дива убавина. Планините што ја опкружуваат котлината се издигаат над бесплодниот предел. Градот со ништо не се разликува од другите слични во турско време. Се забележуваат мали куќи од плитари и глина, со нечисти криви улици и џамија со бакарна купола и тенко минаре. Има една христијанска црква изградена во поново време. Црквата е широка но неисполнета. Во градот има две училишта со тројца учители, од кои едно на словенски јазик. Можам да одделам дека во градот има 3 – 4 убави куќи. Во една добив преноќиште. Вратата ни ја отвори постара жена, не одведе во собата. Бев среќен што се куртулив од церемонијалниот прием. Љубезните домаќини прашаа дали сме уморни, како сме со здравјето и дали добро сме патувале. Дојде и градоначалникот, потоа намесникот на митрополитот, свештеници, чорбаџии… Собата се наполни. Ме почестија со благо и чаша вода и се разбира неизбежното кафе. Ги забележав обичаите при дочек. Секој сакаше да се поздрави со мене со наклон и пружање рака, по што се седнуваше на диванот со скрстени нозе. Кога ќе седнеа го земаа кафето и започнуваа да поздравуваат. Тоа го правеа со приближување на десната рака на градите и челото и велеа ,, добредојде,,.

Хитрово запишал дека прилепскиот панаѓур се одржува еднаш годишно на Мала Богородица и трае околу еден месец. Од Прилеп до Битола две недели пред почетокот се било на нога како за сведен и празник.

48373657 2301032956814639 6262234537166635008 n

По патот заблежав распнати шатори каде се нудеа разни стоки – лубеници и дињи. При движењето кон Прилеп, постојано се сретнуваа товари со разни стоки на коли впрегнати со биволи и коњи. Товарите ги предводеле таканаречени телохранители, облечени во убави костуми со цел арсенал за појасите.

Чаршијата се состои од лавиринт на покриени галерии, по чии страни се наредени мали дуќанчиња едно до друго. Дуќаните се слични на руските со долги покриени темни галерии. Од базенчиња течи вода по нерамната калдрма, која беше лизгава, па неопитен човек може да падне. Во чаршијата има многу народ од сите националности. Има различни ликови, стари белобради. Се разликуваа по облеката. Турци со огромни чалми, натоварени амали, не многу добро облечени војници, подзаспани забулени турски жени, европјани, но и богати Арнаути украсени со злато и убави дебрачани од околните села. Има и Грци со црни облеки, тесни џамадани со црвени фесови. Толпата вика и се турка при влезот. Трговците седат со прекрстени нозе пред дуќаните и гласно тргуваат на различни јазици.

48420891 2301032950147973 4513264308808843264 n

Чудно звучи за ненавикнато уво. Во хаотичен неред, се слуша турски, грчки, бугарски, влашки… Како во Вавилон. Во другиот дел е уште погласно. Видовме источна стока. Имаше дуќани со турски обувки и сошиени домашни костими, бугарски дуќани со пиротски килими. Понатаму дуќани со трговци Арнаути. Освен венецијанска стока, има ткаенини од природна свила, цел ред продавници за оружје, дуќани за обработка на сребро и бакар. Во еден агол  забележав дуќанче за книги. Освен црковни руски книги,  има и српски и бугарски песнарици, бугарски и српски историски книги издадени во Белград и Константинополис, како и многу брошури, а пронајдов и детски учебници.

Михаил Александрович Хитрово (1837 – 1897) е дипломат и поет, кој од 1861 до 1864 година бил руски конзул во Битола. Своите забелешки за Прилеп, кој го посетил во 1863 година ги објавил во ,,Руски весник,,.

Loading