Фудбал: Поради невремето
Снежното невреме кое ја зафати државава, не го одмина ни Дојран, каде на подготовки се фудбалерите на Победа. Таму имало и силен ветер, што ги зголемува тешкотиите за реализација на планираното. Така, беше откажан пријателскиот дуел со бугарскиот второлигаш Царско Село, но затоа денот искористен за три тренинга. И наредните денови се работеше без застој. Ако се подобрат условите, веднаш ќе продолжи серијата пријателски натпревари, што почна со Ренова во Тетово (2-2). Беше закажан тест-меч со штипска Брегалница, со Кожуф (за вчера), Тиквеш (3 февруари) и Пелистер (10 февруари).
Паралелно, од клубот стигна убава информација за активностите на Управата. Претходната претседателка, Ирена Јакимоска и сегашниот, Небојша Стојковиќ, во знак на благодарност му подариле дрес на првиот човек од Мермерскиот комбинат, Перикле Николау, кој истакнал дека и понатаму останува верен поддржувач и симпатизер.
![]()


