Фељтон: Томе Велјановски
Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.
Глава 5
Бунт во затворот во Кичево и бегање на затворениците од затворот.
Затворениците беа затворени во визбата – подрумот на затворот. Неколку чети на војници партизани имаа преноќевалиште на спратот на затворот од каде што се менуваше стражата пред затворската врата. Затворениците внатре во затворот испланирале начин како да избегаат од затворот. Уште преку денот го откачиле сурмето на вратата затворска и пак повторно го вратиле во првобитната положба, за да не се познава дека е направена некоја шпекулација. Исто така ја одвртиле електричната ламба, сијалицата која била над вратата од надворешната страна и повторно ја приклучиле на првобитната положба. Сето се работело со дикат, припремана замислената работа за бегство од затворот, се чекало на времето.
За време на стражарската ноќна смена од 24 до 2 часот на стражарското место пред затворот бил одреден војникот Василоски Алексо од с. Марул. Алексо одговорноста на стражарското место ја прими без никаква забелешка, информација од претходниот стражар. Без никаков рапорт за тоа стражарско место. Новиот стражар Василоски Алексо бил буден и опрезен на стражарското место, вооружен со пушка бојна бајонет и боева муниција патрони – фишеции за пушката.
После прекракот на глувата ноќ сатот беше отприлика 1.30 минути, електричната ламба, сијалицата над затворската врата угасна. Алексо стражарот си помислил дека нешто е грешка во електричната мрежа и очекуваше повторно да додји електричното осветлување и не се занесе во некаков страв, паника. Во темницата се отвори затворската врата и почна да излегуваат затворениците.
Алексо стражарот го забележал нивното излегување од затворот , имал храброст не се уплашил, ги предупредил со викање: Стој! Трганал со пушката, го убил првиот бегалец. Тргнал на вториот бегалец, пушката заглавила, тој побегнал, тргнал на третиот, го убил, пушката пак заглавила за четвртиот бегалец и почнал Алексо да вика на глас за помош: Затворениците, затворениците. Се што се појавило надвор од затворската врата, еден бил убиен, еден побегнувал. Слушнаа затворениците македонски кои спиеја на горниот спрат над затворот: Затворениците, затворениците! Го спречија бегањето на зтаворенците и ги вратија назад во затворот.
Утрото кога се провиде, војниците нашле еден убиен во дворотр и два убиени долу во бавчите. Колку се избегани не се знаеше. Дошла воена надлежна комисија за да ја провери случката. Самите затвореници си признале на каков начин ја направија саботажата за да избегаат од затворот.
Со право Алексо Василоски беше обвинет за небудност на стражарското место. Со проверката, пушката и муницијата не биле идентични. Пушката беше од италијанско производство, а додека патроните, фишеците беа од бугарско производство. Затоа пушката не се активирала правилно. Алексо беше ослободен од одговорност, поддржан од неговата, 10-тата бригада и беше прогласен за верен и храбар војник.
Оваа група војници што го обезбедувала затворот се вика Организација за заштита на народот, скратено ОЗНА, заштита на народот од балистичките напади на Џемовци. Ако беше за убивање, можеше во затворот да бидат запалени. Но нашата идеја не беше таква, велеа марулските ветерани борци. После неколку дена дојде наредба, сите затвореници во затворот во Кичево беа ослободени. Но борбата и понатака продолжи против балистичките банди на Џемо Хасани, Аќив, Мефаил и др.
Глава 6
Вратена по ред третата последна група мобилизирани војници партизани од с. Марул во македонската војска во 1944 година.
После судирот на Втората МНОУБ во с. Зајас, кичевско и губитокот на извесен дел од борците од бригадата, створил стрес кај македонскиот народ. Окупаторските војски во Македонија се повлекуваат како бугарската и германската, на Македонија и се отвора внатрешната војна против албанските балисти кои се стремат, се борат за Голема Албанија.
Македонската војска, партизаните иако се помногубројни од балистите, а поддржана морално од својот македонски народ, многу се послабо вооружени и облечени од балистите кои биле повеќе опремени со оружје и облека од страна на германската војска од Балканот за да си одат назад во Германија. Со обеќање према балистите дека ќе бидат поддржани за стварање на голема албанска држава на Балканот.
Од друга страна и македонскиот народ се бори за стварање на македонска држава денешна, тогаш Народна Република Македонија. За тие идеи судирот на македонската војска – партизаните со албанските балисти беше неизбежен. Од ден на ден, македонската војска бројно растеше. Така во почетокот на декември 1944, пет момчиња од с. Марул одбија воени позиви за мобилизација кои требаа да заминат војска партизани на 15 декември 1944 година: 1. Атанасоски Јован Танески 1926г. 2. Атанасоски Тане Танески 1926г. 3. Петрески Ванчо Бабјак 1926г. 4. Ристески Китан Јанкоски 1926г. 5. Стојаноски Тоде Котески 1923г. кој отишол во замена со неговиот постар брат Стојаноски Ѓорѓија Котески отпуштен од воената обврска. Овие пет војници беа регрутирани во 6-тата МНОУБ со обука за раководење со оружје, имале само недела дена и биле испратени во Западна Македонија за да се борат против балистите.
Албанските балисти често изведуваа напади ноќе. Во случај фатен непријателски војник се однесуваа многу ѕверски, крвнички со жртвата, сечење на природниот орган, отворање на телото и внесување на рацете како во џебови. Додека Македонците такви гнасотии не правеа. Заробената жртва ја носеа во затворите и му судеа со затворска казна за стореното дело. Кај балистите немаше некој закон за заробената жртва, за мала или голема казна према жртвата. Сето беше смислено за едноставно злосторство и така на сите фатени жртви им судеа со ист закон, со убиство.
(продолжува)