Х
Партиите се повеќе бараат далтонисти кои ги распознаваат само нивните бои.
Х
Оние кои се грижеа за безбедноста, се обезбедија и за внуците.
Х
Под бина, сите кои се за бинационална држава.
Х
Кога немаш ни за сол, секој ќе ти соли памет.
Х
Кога сакаш да добиеш по секоја цена, лесно можеш да загубиш по никаква цена.
Х
Ако не си прч, не се прчи, оти ќе те напрчат.