ВРЕДНУВАНИ ПРИРОДНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПРОСТОРОТ

kuliПо научниот собир за Маркови кули

Научниот собир „Биогеографска целина Маркови Кули: природни содржини и културни вредности“ што го организираше Институт за старословенска култура со ЛС, потврди дека за Марковите кули постојно треба да се говори. Како што вели д-р Бранислав Ристески, директор на Институтот, биле презентирани триесетина научни излагања од областа на археологијата, историјата на уметноста, историјата, етнологијата, лингвистиката, геологијата… Овие теми биле најнепосредно поврзани со просторната целина Маркови Кули.

-Мултидисциплинарно се вреднуваа природните и културните вредности на овој простор и се проектираат идните активности во функција на заштита, промоција и експолоатација на вредностите. Трудовите ќе бидат публикувани во следниот број на научното списание на Институтот, Балканославика. Институтот за старословенска култура, како субјект кој управува со биогеографската целина во согласност со Законот за прогласување на Марковите Кули за споменик на природата од 2006 година, овозможи научна верификација на природните и културните вредности од овој простор како основа за финализирање на планот за управување со споменикот на природата и изработка на досие за номинација на биогеографската целина на постојаната листа на УНЕСКО – додава Ристески.

Овие активности се продолжување на соработката манифестирана со заедничка реализација на проектот за заштита на Марковите Кули, финанасиран од ЕУ, потпишувањето меморандум за заемна соработка и др., како и изработка на стратегија за развиток на туризмот, аплицирање со проекти за прекугранична соработка со Грција, заедничко организирање на меѓународни научни средби во Прилеп и др.

Loading