ТРЕТ РЕФЕРЕНДУМ

В недела

dik

Над 66 илјади прилепчани со право на глас в недела од 7 до 19 часот имаат шанса да се изјаснат на третиот референдум во Македонија. По оној од 8 септември 1991 година, референдумот за територијалната распределба во 2004 година, овојпат на ливчето ќе биде прашањето – ..Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Р.Македонија и Р.Грција,,.

На изјаснувањето на референдумот нема да учествуваат набљудувачи од партиите, туку само пријавени нављудувачи на невладини организации и други меѓународни претставници. Државната изборна комисија најави дека ќе излегува со прес конференции за излезноста неколку пати во текот на денот. 

За следење на референдумот се акредитирани и 47 странски новинари.

Loading