Млади, добри, домаќини верни во брако имале комшии поп и попадија. Имале добар комшиски живот. Без срам, страв и религиозни работи, попот í наговарал тајна љубовна средба на комшивката. Младата комшивка се изненадила и ќутела, а на попо таа не му бегала од умот. И здодевал, а младата невеста му кажала на мажа си.
Тој пак рекол:
– Ако продолжи ќе бараме е чаре да го отстраниме од неговите глупави замисли.
Попот не стивнувал. Комшивката и маж í чекале прилика да го насамарат. Еден ден мажот, со знаење на жената, заминува на пазар. Попот го видел и пак í се пуштил.
– Доста ми здодеваш, дојди вечер!
Радосниот поп í рекол напопадијата да го спрема крсто, петрафило и коњо, оти добил абер дека умреш човек во о соседното село. Попадијата го спремала и уште со сонце влегол во комшиската куќа. Домаќинката го пречекала.
– Ај, невесто дотерана, што е попово, нека е готово!
– Трпение попе! Првин кафе, па ракија и ноќта е наша.
Загреаниот поп пак í наговарал, а невестата одолговлекувала со зборовите дека ноќта е долга.
Од ненадеж се слушнал лут и остар глас на домаќино во дворот.
-Леле попе, што правиме сега? Влегувај в кревет да те спасувам, оти двацата ќе нé отепа.
Го покрила во кревето и отишла го пречекала мажа си.
– На пазар не се оди без ќесе и пари.
Невестата му намигнала со окото во знак да попот е тука.
– Мажу, откако замина, примив еден изморен патник на преноќевање.
– Арно си сторила. За тоа е куќата.
– Ене го легна да спие в кревет.
Домаќино го отскрил попот и í рекол на жената.:
‡ Патников грчи. Преморен е. Долго патувал. Не е ниту стрижен, ниту бричен. Стопли вода да го истрижиме и избричиме. Гревота е!
Домаќинот го разбудил попот, го соблекол, го истрижил, избричил, го искапале, го седнале на гостинската трпеза. Почнале нормални разговори, како да не се познаваат. После мажо í рекол на жената:
– Господ ни донесе гостин, трпезата да ни биде побогата. Оди сега покани ги комшиите, попот и попадијата да поправиме муабет!
Жената í свикала на попадијата.
– Имаме гостин и мажот ме ве кани со отецот да дојдете на гости!
Попаѓата рекла дека попот отишол на погреб, ако можела сама ќе дошла.
Едно време дошла попадијата. Го гледала гостинот и не го препознала, оти бил истрижен и избричен.
Домаќинот се поднапил и í рекол на жена си.
– Жено, сакам да ја онадам попадијата!
Жената го скарала, а тој ја потиснал попадијата. Таа викала, се бранела, а жена му му помагала. Домаќинот ја онадил попадијата, а попот ќутел од страна и гледал без да напрви обид да ја спаси честа, оти можел да ја изгуби главата. Онадената попадија се налутила и со врескање побегнала дома.
Домаќините го легнале патникот. Ноќта попот станал, се облекол, ги зел петрафилот, крстот, кадилникот и коњот и кроце отишол дома.
Попадијата го сетила и го пречекала, но како непознат. Оти не бил како тој што го испратила на погреб.
– Попе, дали ти си мојот маж?
– Да, попаѓе!
– Ами кај те избричија и острижија?
– Во истата куќа, каде што тебе те онадеја – í рекол попот на попадијата.