„БОЈАНА НА ТОДОР“ – ПРВЕНЕЦ НА БОЖАНА ТРЕНЧЕСКА

Bozana Trenceska so roman  prvenec„Бојана на Тодор“ е романот првенец на Божана Тренческа, што ќе биде промовиран вечерва во Библиотеката во 19 часот. Ќе го претстават Сузана Ѓорѓиевска, Мирјанка Р. Селчанец и Снежана Паноска.

Содржината е враќање дома по долго отсуство. Или како што ќе забележи Сузана Ѓорѓиевска романот е топло огниште.

-Делото е свидетел кое тера на заумување за селото, за планината, градот, стуткани во мирнодобското, но тешко време, стуткани во болното откривање и сон за ново вкоренување. Авторот нурка во минатото како нуркач во фолклорното. Успешно се воврела во душата на едно растење, во дамарите на едно семејство, во катадневието на едно неименувано село, за да потсети оти некогаш во Мариово пиралката ја натпеваше реката, есента ги позлатуваше трлата, жените ткаеја секакви волненици, газиената ламба го издолжуваше денот, стоката му служи на селанецот… Низ нафрлените котелци и испреплетени нишки, во длапките пресликани во снегот, во калта, во широко отворените детски очи во кои мечката танцува, во најдолгиот мразулец, може да се ископа радоста на детството растрчано по селските сокаци. Но, и да се почуствува моќта на големата планина, тоа огромно чудовиште низ чии улици рикаат некои чуда… – потенцира Ѓорѓиевска.

Тренческа е член на Клубот на литературни творци Прилеп. Претходно Автор е на стихозбирката ,,Поетот и зборовите,,. Добитник е на неколку награди за краток расказ.

Loading