Во киното Мис Стон

„Анатомија на векот“ е видео проектот од уметникот Гоце Наневски, што ќе се обелодени вечерва во 20 часот во киното Мис Стон.
Најновиот проект на Наневски е видеотрилогија. Трите индивидуални видеа имаат концепциско-документатористички карактер. Аспектот на интервјуто е клучниот двигател во модулирањето на овие посебни тематски микронаративи. Изборот на говорници го надополнува сижето и му дава звучност и слоевитост на експликативниот контекст. Трилогијата е социјално-политички ангажирана. Јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие.
![]()

