Историја
На 14 и 18 февруари 1968 година екипата на Победа одигра два меѓународни натпревара со силни противници. Прво во Прилеп гостуваше Легија Варшава, пред 2000 гледачи, при што Полјаците победија со 0-1. Четири дена подоцна на истиот терен се претстави и тимот на Стеауа Букурешт, подоцна европски шампион, а резултатот се повтори, 0-1. Прилепскиот состав, југословенски второлигаш, даде силен отпор на славните противници. Настапија: Тренески, Точко, Рамаданов, Николиќ, Ниниќ, Крстески, Ѓорѓиев, Ангелески, Стекулац, Ѓорѓиоски, Јакимоски. На вториот меч се придодаде и Бошалески.
Стеауа играше и со Вардар, поразен со 1-3 во Скопје.
![]()

