СЛАБО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

Партизан

Екипата на Партизан од Обршани не одигра лошо, но убедливо загуби со 0-2 дома од Борец. По одличното прво полувреме, кога во рамноправна борба беа создадени шанси за водство, следеа слаби 45 минути. Беа доволни две контри за гостите да дадат два гола. Се виде дека домашните сили се загубија. Сепак, покрај поразот, останува вербата дека тимот на Партизан може да се спротивстави на секој второлигашки противник и со таа мисла ќе се чека наредниот меч со Кожуф во Гевгелија, на 15 септември.

Табела: Брегалница и Борец 9, Пехчево 6, Кожуф и Тиквеш 5, Плачковица 4, Партизан 3, Саса 1, Вардар и Детонит Радовиш 0.

Loading