Изложба во Скопје
Тематската изложба „ПОРТА ПИНУС“ на нашата сограѓанка Александра Ацеска е отворена во Музејот на град Скопје. Проектот се реализира по повод Наградата ,,Борко Лазески,, која авторката ја доби во 2017 година.
Во договор со семејството на Борко Лазески, Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје, кој во претходната учебна година ја освоил наградата ,,Борко Лазески,, за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е младата Александра Ацеска.
Проектот на Ацеска е комбинација на неколку инсталации и други ликовни остварувања кои заедно формираат опкружување или некој единствен простор во кој се презентирани двата основни концепта. Во првиот дел се шишарката како еден од најстарите симболи на преодот или прагот кон некои поинакви димензии, состојби или вредносни модели, а во вториот се наидува сосема женска, односно нежна и чуствителна работа со цртежот на хартија или на вода.